Апелациониот суд одби седум жалби за притвор за настаните од 27 април
Апелациониот суд на денешна затворена седница ги одби како неосновани жалбите за притворот на седуммина осомничени за тероризам и уставно загрозување во врска со настаните во Собранието од 27 април минатата година. Според одлуката на Апелациониот суд Иван Цветановски, Абдуљафет Алими, Љубен Арнаудов, Јане Ченто, Јохан Тарчуловски, Сашо Василевски и Елена Доцевска остануваат во притвор, се вели во соопштението на судот.
Минатиот петок на 12 јануари Апелациониот суд ги одби како неосновани жалбите за изречените мерки притвор на уште единаесет лица осомничени за насилството во Собранието на 27 април 2017 година.