Единаесет жртви во автобуска несреќа во Турција
Најмалку 11 лица загинаа, а 46 се повредени во автобуска несреќа што денеска се случи во провинцијата Ескишехир, во централна Турција.
Локалните медиуми јавија дека автобус, кој превезувал ученици кои биле на екскурзија, излетал од патот и удрил во дрва.
Се претпоставува дека возачот ја изгубил контролата врз автобусот.