Потпретседателот на САД Пенс во Израел
Американскиот потпретседател Мајк Пенс престојува во Израел на разговори со највисоки претставници на таа земја. Неговата посета на Израел е третта и последна во рамките на блискоисточната турнеја. Таа првобитно беше планирана за декември лани, но беше одложена поради незадоволството од одлуката на претседателот Доналд Трамп да го признае Ерусалим за главен град на Израел. Палестинскиот претседател Махмуд Абас одбива да се состане со Пенс.