Грчки медиуми: Нимиц во следните десет дена ќе ги посети Скопје и Атина
Посредникот на ОН во спорот за името Македонија, Метју Нимиц, во следните десет дена ќе ги посети Атина и Скопје за со нив да го разгледа ова прашање, соопшти грчката телевизија ЕРТ.
Телевизијата забележува дека дипломатот е оптимист и смета дека проблемот за името може да се реши во следните шест месеци и дека предлозите што минатата недела ги упатил и претставил во Њујорк се општо прифатливи за двете земји и дека дал уверување оти тие го гарантираат „националниот идентитет“ на Поранешна Југословенска Република Македонија.
Американскиот заменик-помошник државен секретар Хојт Брајан Ји за агенцијата Блумберг изјави дека двете земји имаат реална шанса, веројатно, најдобрата досега, да го решат својот спор за името на Македонија: „во Атина и Скопие има политичска волја и верувам дека решението е достижно“, посочи Ји