Пенс: САД следната година ќе ја отворат амбасадата во Ерусалим
Американскиот потпретседател Мајк Пенс изјави дека САД во 2019 година ќе ја отворат нивната амбасада во Ерусалим. Пенс кој е во посета на Израел, изјави дека администрацијата на претседателот Доналд Трамп ќе продолжи со својот план и дека амбасадата ќе биде отворена на крајот на 2019 година, иако претходните проценки беа дека преселувањето од Тел Авив ќе трае три или четири години.
Во обраќањето во израелскиот Парламент, Пенс ја бранеше одлуката на Трамп да го признае Ерусалим како главен град на Израел, додека критики пристигнуваат од Палестинците и нивните арапски сојузници. Палестинците тврдат дека источен Ерусалим, кој е анектиран од Израел, е нивен главен град.
По објавувањето на одлуката на Трамп за признавање на Ерусалим за главен град на Израел, Палестинците соопштија дека ќе го отфрлат секој мировен план презентиран од администрацијата на Трамп.
Претходно денеска, Пенс на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху му рече дека е чест „да се биде во израелскиот главен град Ерусалим.