Путин го разреши рускиот амбасадор во НАТО
Рускиот претседател Владимир Путин го разреши Александар Грушко од неговата функција амбасадор во НАТО и го назначи за заменик министер за надворешни работи. Одлуките за разрешување и назначување на Грушко ги потпиша Путин и потоа беа објавени на официјална веб-страница.
Не беше дадена причина, а немаше и информации за земна на Грушко на функцијата амбасадор во НАТО. Односите меѓу НАТО и Русија се затегнати околу прашањата за преземањето на Крим од страна на Москва и за нејзината улога во конфликтот во источна Украина.
Дипломатската кариера 62-годишниот Грушко ја започна во 1977 година и беше претставник на Русија во НАТО од октомври 2012 година.