Најмалку 30 загинати во нападот врз хотелот во Кабул
Авганистански претставник за безбедност изјави дека најмалку 30 лица се убиени во нападот врз хотелот Интерконтинентал во Кабул од страна на талибанските милитанти, и предупреди дека бројот на жртвите може да се искачи повисоко. Вахид Мајрох, портпарол на Министерството за јавно здравство, на 21 јануари изјави дека 19 тела биле донесени во градските болници. Официјални лица изјавија дека 14 странци биле меѓу загинатите. Но висок авганистански официјален претставник за безбедност за новинската агенција Ројтерс изјави дека бројот на загинати е најмалку 30, вклучувајќи го и персоналот на хотелот, гостите и членовите на безбедносните сили кои се бореа со напаѓачите. Некои локални медиуми објавија дека 40 лица се убиени. Официјални лица соопштија дека шестмина напаѓачи биле убиени, иако во некои извештаи се наведува дека имало само пет напаѓачи. Милитантите, облечени во армиски униформи, извршија напад врз луксузниот хотел во главниот град на Авганистан во вечерните часови на 20 јануари. Портпаролот на Министерството за внатрешни работи Наџиб Данска изјави дека повеќе од 150 лица, вклучувајќи и 41 странци, биле спасени или успеале да избегаат за време на опсадата .Талибанците ја презедоа одговорноста за нападот врз хотелот