Анкара ја осуди изјавата на Ципрас дека Турција е агресивен сосед
Турското Министерство за надворешни работи ја осуди изјавата на грчкиот премиер Алексис Ципрас дека Турција е „агресивен сосед“, дадена на Светскиот економски форум во Давос. Портпаролот на Министерството Хами Аксој истакна дека таа изјава на грчкиот премиер е неприфатлива. Подобро господинот Ципрас да побара конкретни примери за „агресија“ во сопствениот кабинет. На секого му е јасно дека некои од неговите колеги целосно одговараат на таа дефиниција, рече Аксој, без да прецизира на кого мислел.
Ципрас во обраќањето на Светскиот економски форум рече дека европските партнери на Грција не можат секогаш да проценат колкави се и какви се предизвиците да се живее со „агресивен сосед“ каков што е Турција.