Ердоган најави ослободување на сирискиот град Манџиб
Операцијата на турската армија во Сирија ќе продолжи се додека не биде уништен и последниот терорист, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во говор во Анкара истакнувајќи дека операцијата во Африн е јасно предупредување за оние кои не сакаат да ја разберат подготвеноста на Турција во борбата против тероризмот.
Ердоган изјави дека ќе го ослободи сирискиот град Манџиб од терористи: „по Африн, никој не треба да се грижи за тоа“, рече Ердоган.
Генералштабот на турските вооружени сили на 20 јануари објави почеток на операцијата „Маслиново гранче“ против единиците на Силите за заштита на народот и Партијата за демократски сојуз во Африн, каде живеат околу 1,5 милиони Курди и бегалци од други области од Сирија.