Нови санкци на САД за поврзани со конфликтот во Украина
Соединетите Американски Држави воведоа нови санкции против 21 човек и девет компании за поврзаност со конфликтот во источна Украина, кој е поддржан од Русија. Ова е нов напор на Вашингтон да изврши притисок врз страните кои се активно вклучени во речиси четиригодишниот конфликт.
Министерството за финансии ги објавува мерките истиот ден кога американскиот специјален претставник за украинскиот конфликт се среќава со неговиот колега од Русија за да разговараат за начините за решавање на конфликтот. Денеска и американскиот државен секретар Рекс Тилерсон се состана со украинскиот претседател, Петро Порошенко во Давос, Швајцарија.
Со новите мерки, Министерството за финансии нареди 11 луѓе да се идентификуваат како врвни сепаратистички функционери во источна Украина. Санкциите се насочени и кон неколку руски официјални претставници, меѓу кои и заменик-министерот за енергија, Андреј Черезов.