Заздравува берзата во Њујорк
![Заздравува берзата во Њујорк](https://gdb.rferl.org/6FF443D9-B885-424A-BED8-295CC623E5CE_w800_h450.jpg)
Американските акции во вторникот заздравија пред крајот на тргувањето, бидејќи скокот на цените на берзата во Њујорк помогна да биде вратена скоро половина од загубата направена ден претходно кога имаа најголем пад во изминативе шест години. До ова дојде по големото колебање на пазарот, а главните индекси во Азија и Европа имаа големи загуби. По „слободниот пад“ во понеделникот од над 1170 поени, индустрискиот просек на Дау Џонс загуби 567 поени. Но, по многубројните пресврти вторникот заврши со добивка на исто толку поени, 567. Добитници беа технолошките компании, трговските фирми „Амазаон“ и „Хоум дипо“, како и некои индустриски компании и банки.