Во Русија осудени девет милитанти поврзани со ИД
Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) соопшти дека девет милитанти поврзани со милитантната група Исламска држава (ИД) се осудени на затворски казни од пет до 19 години во Ингушетија. .
Според ФСБ Регионалниот воен суд на Северен Кавказ денеска ги изрекол казните, откако девет лица биле обвинети за планирање, организирање и спроведување на серија терористички напади во регионот.
Насилството е вообичаено во рускиот регион Северен Кавказ, кое вклучува немири во главно муслиманските области во Ингушетија, Чеченија, Дагестан и Кабардини-Балкарија.
Исламските милитанти постојано напаѓаат полицајци, јавни службеници и умерени муслимани во регионот.