Османи: Дебата во медиумите нема да помогне во процесот за името
Клучно за успехот на процесот за решавање на спорот за името е дебатата да не се одвива преку медиумите, изјави вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи наведувајќи дека тоа се однесува, како што рече, на пријателите од грчката страна и за нашите претставници.
„На ниту еден начин нема да му помогне на процесот преку дебата во медиумите. Затоа треба да ја држиме оваа дебата во рамки на преговарачките тимови, а во моментот кога ќе имаме начелно некоја согласност, тогаш можеме да излеземе во јавноста и да побараме мислење од граѓаните и од другите општествени слоеви“, рече Османи.
Тој потврди дека од седум точки во преговорите, три се полесни, а четири се потешки, меѓутоа, додаде, ако сега почнуваме да лицитираме, дебатираме и да испраќаме пораки, тоа е моделот за неуспех.