Радев - Македонија избра нова перспектива
Позиција што ја зазеде македонското раководство беше пресврната точка. Таа и даде шанса за новата перспектива, кон која ние во Бугарија отсекогаш сме биле отворени. Треба да направиме се луѓето од двете страни на границата – и од Бугарија и од Македонија, навистина да се чувствуваат како браќа, вели бугарскиот претседател Румен Радев во интервју за бугарската агенција БГНЕС, во пресрет на утрешната посета на Република Македонија.
Тој вели дека треба да се материјализира Договорот за добрососедство, оти договорот, сепак, е само парче хартија, а односите треба да се развиваат многу подинамично и во многу области од взаемен интерес
Во бугарската делегација ќе бидат и двајца митрополити. Како што е познато Македонската православна црква-Охридска архиепископија побара БПЦ да и стане Црква-мајка. Бугарскиот претседател вели дека тоа е прашање исклучиво во ресорот на црковната дипломатија, но дека ова одделни аспекти од него, можат да бидат предмет и на јавни дебати. Т