Русија стави вето на резолуцијата против Иран околу Јемен
![Русија стави вето на резолуцијата против Иран околу Јемен](https://gdb.rferl.org/EE204340-80C2-488A-A752-C849AA2175CB_cx0_cy9_cw0_w800_h450.jpg)
Русија стави вето на резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации со која се повикува Иран да прекине да ги снабдува со ракети шиитските Хуту бунтовници. Резолуцијата поднесена од Британија и поддржана од САД доби 11 гласа од 15 земји членки на Советот за безбедност. Од 2015 година бунтовниците поддржани од Иран се борат против јеменската влада која пак е поддржана од Саудиска Арабија.