Саудиска Арабија со промени во одбраната за време на војна во Јемен
Саудиска Арабија изврши замена на неколку врвни воени команданти, вклучително и началникот на генералштабот, што претставува голема промена во одбранбениот естаблишмент на кралството. Нема официјална причина за таквата одлука, при што властите соопштија дека имаат план за развој на министерството за одбрана без дополнителни детали.
Промените доаѓаат во услови на војна во Јемен во која коалицијата предводена од Саудиска Арабија ги поддржува властите во земјата во борбите против шиитските бунтовници Хути и нивните сојузници.