Обвинувања за прекршување на примирјето во Сирија
Продолжуваат извештаите за прекршување на примирјето во Сирија кое од денеска стапи во сила по повикот на Русија. Сириски активисти јавија дека властите извршиле серија на воздушни и артилериски напади во источниот дел на Гута, кој се наоѓа во близина на Дамаск.
Сириските власти и Москва ги обвинија бунтовниците за напади врз коридорот преку треба да им се овозможи на цивилите да го напуштат регионот. ОН соопштија дека продолжувањето на борбите ги оневозможуваат спасувачките и хуманитарни операции.