Марш во Кабул по повод меѓународниот ден на жената
Стотици жени учествуваа во маршот во авганистанскиот главен град Кабул по повод 8 март со цел да им порачаат на властите дека треба да им дадат глас, да им обезбедат образование и заштита од насилство.
Шефицата на Независната комисија за човекови права, Сима Самар им порача на жените во авганистанската армија да пријават било какви злоупотреби од нивните надредени. Таа истакна и дека никој нема право да го коментира физичкиот изглед на жените или да зборува со нив без почит.