За британските власти нападот врз екс шпионот е ужасен чин
Портпаролот на британскиот премиер Тереза Меј порача дека нападот врз поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал е ужасен и несовесен криминален чин. Британските власти соопштија дека состојбата на 66 годишниот Скрипал и неговата 33 годишна ќерка Јулија и натаму е критична, по четири дена откако беа најдени во несвесна состојба на клупа во Салсбери.
Британската министерка за внатрешни работи Амбер Руд изјави дека употребата на нервен гас на британска почва е безобразно и оти мора да престанат шпекулациите кој стои зад нападот. Според неа, властите ќе одговорат на соодветен начин кога ќе се утврди кој е одговорен за нападот.