Мерки на претпазливост за осомничениот функционер на МВР
“Судот го прифати предлогот на обвинителството и на осомничениот со Решение му ги изрече бараните мерки” соопштија од обвинителството.
Од таму информираат и дека осомничениот се товари дека ја злоупотребил својата работна позиција за спречување на службено дејствие и со тоа сторил кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 од Кривичниот законик.
Претходно од Министерството за внатрешни работи соопштија дека државниот советник за полициски и криминалистички работи во кабинетот на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, пријавениот Д.С. оддал службена тајна, конкретно дека на лице кое било под посебни истражни мерки го предупредил да внимава што прави. Со тоа, како што велат од МВР, постоисомнение за сторено кривично дело предвидено и казниво по член 353 од КЗ "Злоупотреба на службена положба и овластување".