Села повторно избран за претседател на Алијансата за Албанците
На конгресот беа донесени и статутот на партијата, платформата и резолуцијата на партијата, која во себе содржи барање до Владата за промена на Уставот, за албанскиот јазик да биде еднаков со македонскиот јазик. Најжестока дебата на конгресот предизвика барањето за промена на статутот на партијата.
Во својот говор старо-новиот претседател на партијата Села се фокусираше на интеграциите на земјата посочувајќи дека 99 отсто од Албанците се за интегрирање на земјата во НАТО и ЕУ. Села упати критики до Владата, за која кажа дека поддршката што тие и ја дале ја злоупотребила само за да добие повеќе албански гласови.