Времето денеска топло, од утре дожд
Времето денеска ќе биде претежно сончево и релативно топло со слаб до умерен јужен ветер. Утринската температура ќе се движи од -2 до 4 степени, а дневната од 12 до 22 степена. Утре во попладневните часови, најпрво во западните делови, ќе има повремени врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. Локално ќе има услови за појава на грмежи проследени со краткотраен пороен дожд. Ќе дува умерен, на места засилен јужен ветер. Утринската температура ќе се движи од 4 до 10 степени, а дневната од 14 до 21 степен.