Почнаа Зимските параолимписки игри
Со церемонија за отворање во Пјонгчанг, Јужна Кореја, започнаа Зимските параолимписки игри. Вкупно 80 медали може да се освојат во шест спортови- алпско скијање, сноубординг, хокеј, карлинг,нордиско скијање и биатлон. Рекордна бројка од 567 спортисти од 48 земји, плус Параолипмиска атлетска делегација од Русија ќе се натпреваруваат на игрите што ќе траат ди 18 март. Северна Кореја за првпат настапува на Зимски параолимписки игри со двајца спортисти. За разлика од Зимските олимписки игри што се одржаа минатиот месец на кои Северна и Јужна Кореја настапија под обединето знаме, двете држави на церемонијата за отворање настапија одделно. Северна Кореја се повлече од заедничкото марширање откако Јужна Кореја одлучи да ги тргне островите кои и припаѓаат на Јапонија од сино белото корејско обединето знаме на кое е прикажан корејскиот полуостров.