Британија-траги од нервен отров најдени во ресторанот во кој седеше рускиот агент
Траги од нервен отров се пронајдени во ресторанот во градот Салсбери во Англија во кој седел поранешниот руски агент со својата ќерка пред да паднат во критична состојба. Главниот здравствен претставник, Сали Дејвис, изјави дека на 11 март, кога се случи труењето на агентот, петстотини луѓе го посетиле ресторанот и од нив е побарано како претпазливост да ја исперат својата облека која ја носеле дента. Сепак властите уверуваат дека опасноста од отровот по граѓаните и јавноста сега е ниска.
Британските власти веќе седми ден водат истрага за обидот за убиство со засега неименуван нервен отров на поранешниот агент Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија. За двајцата се вели дека се во критична, но стабилна здравствена состојба во болницата го градот. Со нарушено здравје е и полицаецот кој меѓу првите дојде во контакт со затруените, но како што информираат властите, тој е сега со своето семејство.
Британскиот министер за внатрешни работи, Амбер Руд, изјави дека се уште е премногу рано за да се каже кој стои зад нападот. Министерот за надворешни работи Борис Џонсон пак најави можни санкции против Русија доколку се утврди дека таа стои зад труењето. Официјален Кремљ засега негира вклученост и обвинува за анти-руска хистерија во британските медиуми.