Џафери го прескокна Законот за јазици и даде пауза од еден час
Кусо по почетокот на собраниската седницата на која на дневен ред е Законот за јазиците претседателот на Собрание, Талат Џафери даде пауза од еден час. Пратеникот Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ побара да се одржи состанок на мандатно-имунитетна комисија за да се расправа за целата процедура околу законот. Тој зборуваше повеќе од предвиденото и доби неколку опомени од претседателот на Собранието.
Џафери го прескокна Законот за јазиците, по што пратениците гласаа за други два закони, кои се исто така се на дневен ред на оваа седница. Додека пратениците од мнозинството гласаа, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ бараа пауза.
Според собраниските служби, пријавени за збор се повеќе пратеници од ВМРО-ДПМНЕ. Откако гласаа за два закони, претседателот на Собрание, даде пауза.
Денеска на дневен ред на 32 собраниска седница се амандманите на Законот за употреба на јазиците во трето читање. Седницата за законот требаше да се одржи во минатата недела, но поради немање договор меѓу владејачките партии дали да се отвори расправа по амандманите поднесени од ВМРО-ДПМНЕ обидот за собраниска седница пропадна