Путин во посета на Крим, како дел од предизборната кампања
Рускиот претседател Владимир Путин денеска пристигна во Крим, на четири дена пред претседателските избори во Русија. Се очекува тој да присуствува на јавни настани за одбележување на годишнината од референдумот на 16 март 2014 година, со кој Москва го анкетираше полуостровот од Украина. Пред да пристигне во Крим, Путин го посети местото каде се гради мост кој се очекува да го поврзе полуостров со руските територии. Изградбата на мостот започна во 2016 година.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, претходно изјави дека посетата на Путин на Крим е последниот голем настан, дел од кампањата пред изборите кои се закажани за 18-ти март.
Украинскиот претседател Петро Порошенко, како коментар на посетата на Путин, рече дека овој потег е „исклучително опасна провокација“. Тој ја повика Европската унија да воведе санкции против, како што вели „оние кои организираат настани за претседателските избори во Русија на територија на Украина“.