Се самоубил осомничениот за бомбашките напади во Тексас
Осомничениот за серија бомбашки напади во и околу Остин, главниот град на американската сојузна држава Тексас се убил за време на големата операција на полицијата, јавија медиуми од земјата. Осомничениот наводно детонирал експлозивна направа во близина на автопат.
ФБИ го истражува местото на настанот. За време на нападите со четири пакет бомби загинаа 2 лица, а четворица беа повредени. Петата пакет бомба се активирала во центарот за дистрибуција на Федекс во близина на Сан Антонио.