Анкети: Над 70 проценти од Грците против терминот Македонија во името
Грција да не прифати сложено име што ќе го вклучува терминот „Македонија“ одговориле 71,7 проценти од испитаниците, додека пак 24,6 отсто дека немаат проблем со сложено име. Весникот Катимерини коментира дека одговорот „не“ е толку силен што ги обединува речиси целосно оние што на референдумот во 2015 имаа спротивно мислење, односно ги обединува и поддржувачите на „не“ и поддржувачите на „да“.
Во второто истражување, спроведено од агенцијата „Maрс“ за весникот „Прото тема“, меѓу другите прашања, анкетираните требале да одговорат и на тоа дали „Владата треба да го прифати терминот „Македонија“ во новото име на Скопје или не?“
Негативно одговориле 74,5 проценти, позитивно 21,8 отсто, а останатите 3,7 проценти рекле дека не знаат или не сакаат да одговорат.
Анализирајќи ги резултатите, весникот коментира дека треба да се забележи дека против компромис со терминот Македонија се 63,5 отсто од гласачите на владејачката СИРИЗА.