Харадинај им даде отказ на првите луѓе во косовската полиција
Косовскиот премиер Рамуш Харадинај го отпушти министерот за внатрешни работи и шефот на тајната полиција по апсењето на шест турски државјани и нивна депортација во Турција.
Харадинај изјави дека не бил информиран за операцијата за депортација на турските државјани, кои беа вчера уапсени, бидејќи работеле во училишта поврзани со турскиот проповедник Фетула Ѓулен кој живее во САД и кој е обвинет за неуспешниот обид за државен удар во Турција од пред две години.