Коѕијас: На следната средба се надеваме на голем чекор
Ги забележавме деталите, што е она за што се согласуваме, а за што не се согласуваме. Ги имаме одбележано главните прашања за секоја страна и се надевам дека на нашата следна средба ќе бидеме подготвени да направиме еден голем чекор, изјави грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас во изјава за грчките медиуми, пренесува МИА.
Тој истакна дека паралелно со разговорите за името е направена и позитивна агенда идна соработка на двете држави доколку „како што се надевам“ се реши името.