Лукашенко е за промени во претседателските овластувања во иднина
Белорускиот претседател Александар Лукашенко не ја отфрли можноста за намалување на овластувањата на шефот на државата, но сугерираше и дека таква промена нема да се случи во блиска иднина.
Тој на средба со претставници на медиуми од земјата посочи дека треба да се зајакнат овластувањата на премиерот и неговиот кабинет. Но, додаде дека моментот за промена на Уставот на Белорусија се уште не е дојден. Лукашенко е на власт од 1994 година.