Уапсени демонстранти на протестите пред ерменската Влада
Ерменската полиција уапсила неколку поддржувачи на опозицијата кои се обидувале да го блокираат влезот во владината зграда во Ереван, при што продолжуваат протестите против назначувањето на поранешниот претседател на државата Серж Саркисјан на премиерската функција.
Опозицискиот пратеник Никол Пашинијан вчера ги повика демонстрантите да ги спречат министрите да присуствуваат на првата средба на кабинетот на Саркисјан. Полицијата соопшти дека во случај на напади или опасност од напад ќе реагира и ако треба ќе употреби оружје во одбрана на институциите. Пашинијан предупреди дека полицијата нема право да употреби оружје против демонстрантите.