Уапсени 106 демонстранти во Ерменија
Повеќе од 100 демонстранти се уапсени во Ереван по судири се полицијата додека се обидувале да го блокираат влезот во владината зграда во Ереван на седмиот ден од протестите против назначувањето на поранешниот претседател на државата Серж Саркисјан на премиерската функција.
Опозицискиот пратеник Никол Пашинијан вчера ги повика демонстрантите да ги спречат министрите да присуствуваат на првата средба на кабинетот на Саркисјан. Според соопштението, 106 демонстранти биле уапсени откако полицијата соопшти дека во случај на напади или опасност од напад ќе реагира и ако треба ќе употреби оружје во одбрана на институциите.