ЕП со резолуција за заштита на медиумите во Белорусија
Европскиот парламент со големо мнозинство ја одобри резолуцијата со која се осудува прогонот на независните медиуми пред и по локалните избори во Белорусија во февруари 2018 година.
Во резолуцијата се повикува и на целосна рехабилитација на сите поранешни политички затвореници и целосно враќање на нивните граѓански и политички права.
ЕП бара од белоруските власти укинување на блокадата на водечката независна веб-страница за вести Charter97.org, како и напуштање на амандманите на Законот за медиуми, кои, доколку бидат усвоени, ќе ја загрозат слободата на изразување и ставање крај на прогонот на независни блогери. Во резолуцијата се бара и ослободување на двајца активисти на граѓанското општество кои се притворени поради политички причини.