Меркел: Годинава ќе имаме компромис за реформите во ЕУ
До средината на годината Германија и Франција ќе постигнат компромис по некои од предложените реформи на ЕУ и покрај разликите меѓу Берлин и Париз, изјави денеска германската канцеларка Ангела Меркел на заедничката прес-конференција со францускиот претседател Емануел Макрон.
Таа од Берлин порача дека е потребна јавна дебата и способност да се најдат компромиси.
Како сфери за кои се уште постојат разлики меѓу Берлин и Париз, Меркел ги посочи мигрантската политика, заедничката надворешна политика и натамошниот економски развој на Еврозоната и монетарната унија.