МОН: Одговорност и од наставниците и од учениците за инцидентот со неготинските ученици во Италија
Одговорност во случајот со екскурзијата на неготински средношколци во Италија мора да има, наставниците и директорот на училиштето во ниту еден случај не смееле да ги остават учениците сами и да заминат без нив.
Ова е ставот кој во врска со овој случај, попладнево го дадоа за МИА од Министерството за образование и наука.
„Потсетуваме дека станува збор за малолетни лица кои им биле доверени ним. Исто така, загрижувачко е однесувањето на учениците за време на изведувањето на екскурзијата, за што исто така може на учениците да им бидат изречени педагошки мерки, нагласуваат од Министерството“, додаваат од МОН.
Настанот се случил во Италија, од каде учениците требало да продолжат во Франција. Двајца од нив доцнеле за поаѓањето со образложение дека уште појадуваат и дека ќе дојдат за 10 минути. Кога не дошле на паркингот, автобусите продолжиле за Франција.