Продолжуваат апсењата на протестите на опозицијата во Ерменија
Вчера над 100 демонстранти кои се обидуваа да го блокираат влезот во владината зграда беа уапсени по судирите со полицијата. Опозицијата го обвинува Саркисијан, кој долго време беше претседател на Ерменија дека го променил политичкиот систем на земјата од претседателски во парламентарен со цел да остане на власт.