Илјадници луѓе се собраа во центарот на Ереван за гласањето за нов премиер
Пашинијан, кој е единствен кандидат ја обвини владејачката Републиканска партија на поранешниот премиер Серж Саркисјан дека се подготвува да ја спречи специјалната седница на Парламентот. Пашинијан ја обезбеди поддршката од сите опозициски партии за неговата кандидатура. Републиканската партија има 58 пратенички места од 105 во Парламентот.