МААЕ нема докази дека Иран работи на нуклеарно оружје
Во согласност со стандардната пракса на агенцијата, се наведува дека се проценуваат сите релевантни безбедносни информации кои им се достапни. Но, истакнуваат од МААЕ, дека не е нивна пракса јавно да дискутираат за прашања поврзани со такви информации.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху порача дека неговата земја има документи кои покажуваат нови докази за иранскиот план за нуклеарно оружје кој може да биде активиран во било кое време.