Пашинијан повика на „целосна блокада“ во Ерменија
![Пашинијан повика на „целосна блокада“ во Ерменија](https://gdb.rferl.org/1F7BB5F3-DFF7-4D8F-8809-B05B2E8F222F_w800_h450.jpg)
Лидерот на опозицијата во Ерменија Никол Пашинијан повика на „целосна блокада“ на патиштата, возовите и аеродромите во земјата, откако парламентот не го избра за премиер. Тој пред десетици илјади луѓе собрани во негова поддршка пред парламентот во Ереван повика на „граѓанска непослуност“. Пашинијан не доби доволно гласови за да стане премиер. Следното гласање се очекува во идната недела.