Тачи: Приштина подготвена да ги затвори конфликтите со Србија
Косовскиот претседател Хашим Тачи во телефонски разговор со бугарскиот премиер Бојко Борисов, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ, истакнал дека Приштина е подготвена да го затвори поглавјето на конфликти со Србија.
Тачи на Фејсбук напиша дека во тој контекст за Косово и за Србија и натаму е важно да постигнат правно обврзувачки договор за нормализација на односите и за помирување.
Разговорот на двајцата лидери е во пресрет на Самитот ЕУ-Западен Балкан кој ќе се одржи на 17 мај во Софија. Тачи нагласил и дека сега е период на „мир и соработка“ и ја истакнал важноста на самитот за појаснување на европскиот пат на Косово и на сите останати земји од Западен Балкан.