ВМРО-ДПМНЕ: Фирмата на братот на Заев добила концесија за минерални суровини
Од ВМРО-ДПМНЕ денеска обвинија дека фирмата „Тотал Инжинеринг“ во сопственост Вице Заев на братот на премиерот Зоран Заев на 24 април добила концесија за експлоатација на минерални суровини на локација во село Дукатино, општина Василево.
Според опозициската партија, за да не биде до толку очигледно во јавноста, одлуката со која избира фирмата, како што наведуваат, во име на Владата ја потпишува Оливер Спасовски како потпретседател.
Од ВМРО-ДПМНЕ истакнуваат дека одлуката на Владата е објавена во Службен весник. Од партијата прашуваат колку милиони тежи новиот бизнис, уште колку бизниси добиле Заеви и дали обвинителството не гледа во случајот сомнеж за криминал и злоупотреба на службената позиција.