„Странци“ на Витошевиќ премиерно во Драмски театар
Работена според сценариото на истоимениот италијански филм, оваа сабота, на 12 мај во 20 часот, во Драмски театар – Скопје, премиерно ќе биде прикажана претставата „Странци“ во режија на Нела Витошевиќ. Во оваа современа драма која во основа се бави со потрагата по тоа „колку лагата станува поважна од вистината“ играат Игор Ангелов, Ирена Ристиќ, Билјана Драгиќевиќ Пројковска, Зоран Љутков, Сања Арсовска, Филип Трајковиќ и Предраг Павловски.