Вишеградската група и членките на ЕУ од Балканот согласни за проширувањето
Министрите за надворешни работи на земјите од Вишеградската четворка и четирите балкански држави членки на ЕУ (В4+Б4+), денеска на средба во Сунион, Атина изразија поддршка на проширувањето на Унијата.
Втората средба на министрите од Унгарија, Полска, Чешка, Словачка В4 и групата Б4 Грција, Бугарија, Романија и Хрватска, се одржа шест дена пред Самтоти ЕУ-Западен Балкан, предвиден за 17 мај во Софија.
„Ние што сме тука, сме пријатели на проширувањето, изјави хрватската министерка за надворешни работи Марија Пејчиновиќ Буриќ.