Ердоган ќе ги преиспитува турските економски односи со Израел
Турција ќе ги ревидира економските односи со Израел по претстојните избори на 24 јуни, изјави турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, откако Организацијата за исламска соработка (ОИЦ) одлучи да воведе ембарго за израелските производи.
„Се надевам дека земјите од ОИЦ ќе ја спроведат одлуката за ембарго во пракса. Ние, се разбира, исто така, ќе ја процениме ситуацијата. Турција ќе ги преиспита своите односи со нив (Израел), особено економските и трговските“, рече Ердоган, прецизирајќи дека чекорите во оваа насока ќе бидат преземени по изборите.