Додик повика на државно единство меѓу Србија и Република Српска
Една од целите што треба да ги остварат Србите е создавање на државно единство меѓу Република Српска и Србија и за тоа не смееме да се колебаме, изјави денеска претседателот на српскиот ентитет во БиХ, Милорад Додик. Тој додаде дека тоа можеби нема да се случи во текот на мојот живот, но оти верува дека тоа ќе се случи во некој подоцнежен период.
„Колку тоа некому да не му се допаѓа или да навредува, тоа е српска национална идеја, не на оваа или следната година, туку на овој век. На многумина од ова им се крева косата на главата, но ние имаме историско право на тоа, изјави Додик во обраќањето на Конференција за Јасеновац што започна денеска во Бања Лука.