САД воведоа санкции за петмина Иранци
САД објавија санкции за петмина Иранци, за кои се вели дека на јеменската бунтовничка група Хути им обезбедиле експертиза и оружје кое се користело за лансирање ракети во Саудиска Арабија.
Министерството за финансии на САД соопшти дека Мехди Азарпишех, Мохамад Џафари, Махмуд Каземабад, Џавад Шир Амин и Сајед Мохамад Техрани се лицата кои се санкционирани.
Во соопштението се вели дека првите четворица работеле со групата Хути преку Иранската револуционерна гарда (ИРГ), обезбедувајќи и на бунтовничката група експертиза за балистички ракети и пренесување на оружје кое „не било видено во Јемен пред сегашниот конфликт.“
Техрани е санкциониран за наводно помагање во финасирањето на Иранската револуционерна гарда.
Новите санкции се дел од заложбата на администрацијата на америкскиот претседател Доналд Трамп да воведе нови тешки економски санкции кон Иран.