Отворен Јужниот коридор за азербејџански гас до Европа
„Овој проект се реализира благодарение на широката меѓународна соработка и ќе придонесе за натамошно зајакнување на односите меѓу земјите учеснички“, рече Алиев.
Тој изрази благодарност до владите на САД, Велика Британија, раководството на ЕУ и меѓународните финансиски институции за постојаната поддршка при градењето на Јужиот гасен коридор.
Според Алиев, Коридорот има важно значење за енергетската безбедност на Европа, за диверзификација на изворите и правците за дотур на јаглеводородни ресурси.