Иванов реагира дека не бил информиран за преговорите за името
„До Кабинетот на Претседателот нема доставено информација за договорената рамка за можно решение на разликата околу името, ниту информации за последните две средби на министрите за надворешни работи во Брисел и во Њујорк“, наведуваат од кабинетот на Иванов.
Според соопштението, до Иванов не бил доставен ниту предложениот пакет за името Република Илинденска Македонија.
Кабинетот на Иванов оценува дека „се врши селективно информирање на македонскиот претседател“.