Заев: Се уште не сум разговал со Ципрас, работните групи ги прецизираат техничките детали
Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека се уште немал телефонски разговор со неговиот грчки колега Алексис Ципрас во врска со евентуалниот договор за прашањето за името.
“Во тек се разговорите на работните групи околу одредени технички детали”, рече Заев, кој претпаднево присуствуваше на почетокот на градежните работи за изградба на експресен пат Радовиш - Штип.
Засега, како што посочи, не сака да ги коментира информациите што ги пласираат грчките медиуми во однос на предлогот Република Северна Македонија